Герет Бејл се јави на тема неговата иднина и ги увери навивачите на Реал Мадрид дека ќе остане во кралскиот клуб. Главна причина за тоа било доаѓањето на Карло Анчелоти, одново на клупата на „Сантјаго Бернабеу“.
Бејл и Анчелоти дојдоа во Реал истовремено, летото во 2013 година, тренерот како наследник на Жозе Мурињо, Велшанецот како најскап на светот во тоа време, за 100 милиони евра. Сега нивната соработка може да се обнови, иако Бејл имаше неизвесна иднина во пресрет на ова лето и по сезоната која ја мина како позајмен во Тотнхем.
„Можам само да кажам дека имав одличен однос со него. Тој е одличен тренер и ќе направиме големи работи во Реал Мадрид“, рече Бејл на прес-конференцијата на ‘Олимпико’.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА