Герет Бејл уште повеќе го навлекува бесот на навивачите на Реал Мадрид откако поради повреда ги пропушта средбите на „кралевите“, но затоа редовно е подготвен за настап за репрезентацијата на Велс. Тој се најде на списокот на велшкиот селектор Рајан Гигс за завршните натпревари од квалификациите за ЕВРО 2020, и тоа само еден ден откако „кралевите“ објавија дека Бејл штотуку почнал да тренира со топка по незгодната повреда поради која не му е на располагање на Зинедин Зидан.
Велшкиот ас својот последен натпревар за Реал го одигра на 5 октомври. Неколку дена подоцна тој настапи за Велс и постигна гол на дуелот со Хрватска, но оттогаш беше надвор од терените.
Бејл не се најде во екипата против Мајорка, Галатасарај, Леганес и Бетис, а нема да настапи ниту на утрешниот дуел во Мадрид против Галатасарај. Факт е дека конфликтите меѓу Зидан и Бејл се уште не се разрешени, па сите со нетрпение чекаат да дојде јануарскиот преоден рок, за нов обид Велшанецот конечно да си замине од „Сантијаго Бернабеу“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА