Најдобриот фудбалер од Велс во 21 век, Герет Бејл откри дека за време на фудбалската кариера се плашел дека ќе банкротира откако ќе замине во пензија.
Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и Тотенхем кој стави крај на кариерата во 2023 година, вели дека само една мисла имал додека се уште активно се занимавал со фудбалот.
„Една работа постојано ме плашееш. Читате вести како луѓе, кога ќе завршат кариера банкротираат. Не знаат како да управуваат со своите пари. Многу спортисти очигледно тргнале на тој пат. Во текот на мојата кариера решив да вложувам пари на различни работи со цел да не ми се случи истото“, изјави Бејл.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

