Герет Бејл беше човекот на одлука на синоќешното финале откако со два гола му го донесе пехарот на Реал Мадрид, но Велшанецот веднаш по мечот најави дека сериозно размислува да ги промени клупските бои. За разлика од Роналдо, зад чии коментари стоеја барања за повисока плата, Бејл сака да си замине поради загубениот првотимски статус.
„Да бидам искрен, не сакам што толку долго време минувам на клупата за резерви. Навистина, имав проблеми со повреди, но во последните месеци бев здрав, но сепак најчесто бев резерва. Моја желба е да играм секоја недела и ако тоа не се случува во Реал, ќе си ја побарам среќата на друго место. Сега малку ќе одморам, па ќе седнам со мојот менаџер и ќе ја изберам најдобрата опција“ – изјави Герет Бејл.
Манчестер јунајтед и Челси веќе извесно време се интересираат за Бејл, понуда подготвува и неговиот поранешен клуб Тотенхем, а нема да биде изненадување доколку во трката се вклучи и екипата на Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА