Бејл го постигна првиот гол за Велс на СП по 64 години, за реми со САД… (ВИДЕО)

Велс и САД одиграа без победник (1-1) во вториот натпревар од Групата Б на Светското првенство 2022 во Катар.

По очајното прво полувреме, бодот за Велс го донесе Герет Бејл од пенал во 82. минута. Ова беше и прв гол за Велс по 64 години на Мундијалите.

Претходно, пак, синот на легендарниот напаѓач на Милан и освојувач на Златната топка од 1995 година Жорже Веа ги донесе Американците до водство од 1-0. Репрезентацијата на САД беше подобар тим на теренот во првото полувреме па сосема заслужено дојдоа до предност со голот на Тимоти Веа во 36. минута од средбата.

Жорж Веа во моментов е претседател на Либерија, а неговиот 22-годишен син Тимоти, кој игра за француски Лил, се одлучи да настапува во дресот на САД.

ГРУПА Б – 1. КОЛО

Англија – Иран 6-2

САД – Велс 1-1

Се вчитува...