Многумина од фудбалскиот свет деновиве се обидуваа да го прогнозираат финалето од Лигата на шампионите меѓу Манчестер сити и Интер кое вечерва од 21 часот се игра во Истанбул.
Меѓу нив и Герет Бејл кој на прашањето каков ќе биде резултатот на финалето, со став:
„Ќе биде тоа фијаско на Интер. Манчестер сити ќе победи со 5-0“.
Gareth Bale’s prediction for the UCL final. pic.twitter.com/3y3VYcs2FK
— Madrid Xtra (@MadridXtra) June 10, 2023
А, на прашањето, пак, кој е најдобриот фудбалер кој ја освои Лигата на шампионите, Бејл ќе рече: „Лионел Меси“.
Поранешниот репрезентативец на Велс со само 33 години се одлучи на пензија. Покрај за Реал Мадрид во својата кариера играше и за Тотенхем и Саутемптон, а на крајот од кариерата кратко и за Лос Анѓелес ФЦ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

