Фудбалската репрезентација на Велс тргна со победа под водство на Рајан Гигс на неговиот дебитантски меч, па со големи 6-0 ја совлада селекцијата на Кина во градот Нанинг. Сепак, главната ѕвезда на средбата беше фудбалерот на Реал Мадрид Герет Бејл.
Бејл со хет-трик му помогна на својот тим да ужива на кинеското тло, но при третиот погодок се запиша во велшаката историја како најдобар стрелец. Го постигна својот 29. погодок во националниот дрес и го помина легендарниот Јан Раш за да избие на чело на оваа листа.
Офанзивецот веќе по 20 минути донесе удобно водство на својата репрезентација, а историскиот гол го прослави на половина час до крајот на средбата поставувајќи ги конечните 6-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА