Велшкиот интернационалец Герет Бејл сигурно ќе го пропушти гостувањето на Реал Мадрид во Мајорка претстојниов викенд, а многу веројатно и дуелот против Галатасарај во Истанбул на 22 октомври во Лигата на шампионите. Тој денеска не тренирал со тимот на „кралевите“, но направил одредени тестови за нивото на повредата на мускулот на левата нога.
Проценките се дека ќе мора да одмори неколку дена, особено затоа што на 26.октомври е закажан „Ел Класико“, големото дерби со Барселона. Ова е прва пауза за Герет Бејл сезонава, минатата имаше многу пропуштени мечеви поради повреди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА