Бејл: На Реал Мадрид не му му треба тренер, туку некој кој ќе ги менаџира многуте ѕвезди

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Герет Бејл ја коментираше ситуацијата во кралскиот клуб околу тренерската смена. Велшанецот зборуваше во суперлативи за доскорашниот тренер Чаби Алонсо, нарекувајќи го неверојатен, но смета дека таму не треба тренер, туку менаџер.

Вели дека е тешко да се биде тренер на клубот, на толку многу ѕвезди во екипата.

„Таму треба да се менаџираат егата на играчите во соблкувалната. Ако успееш да го организираш тоа, не ти треба многу тактика. Има толку многу ѕвезди во соблекувалната кои може да го сменат мечот додека трепнеш“, рече Бејл.

Се вчитува...