Реал Мадрид ја продолжи доминацијата во европскиот фудбал, но Флорентино Перез сега го очекува напорна работа во летниот преоден рок за да ги задржи клучните фудбалери на „Сантијаго Бернабеу“. Кристијано Роналдо и Герет Бејл веднаш по финалето од ЛШ најавија дека размислуваат за заминување од Мадрид, но ставот на Перез е јасен – двајцата одлични офанзивци ќе останат дел од „кралскиот клуб“.
Веднаш по изјавата на Бејл се појавија шпекулации за бројни понуди, од кои најконкретна беше онаа на Манчестер јунајтед. Сепак, Реал не сака ни да чуе за разделба од Велшанецот, кому во текот на вчерашниот ден и лично му било соопштено дека има цврст договор и од него се очекува да остане во Мадрид. Бејл инсистира да има позначајна улога во тимот и почесто да биде меѓу стартните единаесетмина, но тоа ќе биде одлука на тренерот Зидан, она на што Флорентино Перез цврсто стои како став е дека сите понуда за херојот од финалето во Киев во текот на овој преоден рок ќе бидат одбиени.
Својот став во меѓувреме го промени и Кристијано Роналдо, кој по најавата дека „беше убаво да се игра за Реал“ веднаш по завршувањето на финалето, при прославата на плоштадот „Сибелес“ им порача на навивачите „ќе се видиме наредната година“. Флорентино Перез нема намера да ја израмни платата на Роналдо со онаа на Меси во Барселона, но португалскиот голгетер ќе добие зголемување доволно за да биде задоволен во текот на наредната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА