Бејл не тренира и не игра за Реал, ама делува фит за Велс

Велшкиот интернационалец Герет Бејл подолг период беше повреден, не тренираше и не играше за тимот на Реал Мадрид, но замина на подготовки со националниот тим и таму делува навистина освежено и фит за настап, пишува шпанскиот весник „Марка“. Крилниот играч се појави на првиот тренинг на селекцијата на Велс во пресрет на натпреварите со Азербејџан и со Унгарија и не делуваше дека го мачи повреда.

Последниот меч што Бејл го одигра беше токму за Велс пред еден месец, се повреди и оттогаш не се појави во тимот на Реал Мадрид. Интересно е дека тренерот Зинедин Зидан во пресрет на натпреварот со Еибар изјави дека Герет Бејл и Хамес Родригез не се повредени, туку во моментов не се „достапни“ за да играат за „кралскиот клуб“.

 

Се вчитува...