Велшкиот интернационалец Герет Бејл ја обнови повредата на десната нога и неговиот настап на реваншот против Баерн Минхен идниот вторник на „Сантијаго Бернабеу“ е неизвесен. Брзоногиот Бејл подолг период се мачи со повреди, а претходно паузираше четири месеци поради скршеница. По ова има проблеми со бутниот мускул.
Според информациите од Шпанија, тренерот Зинедин Зидан сигурно ќе го одмори на саботниот натпревар против Спортинг Хихон во шпанското првенство, а лекарскиот тим ќе го даде својот максимум за да го оспособи за настап за реванш дуелот со Баерн Минхен во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Синоќа на „Алијанц арена“, Герет Бејл беше повлечен од игра во 59.минута, а на негово место влезе Марко Асенсио, кој беше и асистент на вториот гол на Кристијано Роналдо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА