Бејл одново се повреди, не игра против Атлетик Билбао

Герет Бејл ќе ја пропушти саботната пресметка против Атлетико Билбао, откако на мечот против Фуенлабрада пред два дена одново се здоби со повреда. Реванш мечот во шпанскиот куп против нисколигашот требаше да биде негово враќање на терените по два месеци пауза, па како замена од клупа заигра во 62. минута од средбата. Бејл го започна одлично натпреварот, во истата минута откако влезе на терен асистираше за израмнувачкиот погодок.

Сепак, по крајот на мечот не се чувствувал најдобро, па по разговор со медицинскиот тим на клубот, одлучено е да се превземат мерки со цел да се отстранат и најмалите проблеми, што значи дека Бејл нема да може да го даде максимумот против Билбао. Велшанецот не тренираше со првиот тим во последните два дена, се чекаат резултати од прегледите за да се процени колку време ќе треба да отсуствува од тренажа со максимален напор.

  

Се вчитува...