Герет Бејл вообичано ги фрустрира навивачите на Реал Мадрид со честите повреди или пак со слаби настапи, но велшкиот ас синоќа го навлече бесот на „кралевите“ без воопшто да стапне на теренот на „Сантијаго Бернабеу“.
Тој поради повреда не беше во комбинација за настап против Реал Сосиедад, но фоторепортерите го фатиле пред стадионот, како си заминува на петнаесетина минути пред крајот на натпреварот. „Кралевите“ одиграа под своите можности, во второто полувреме останаа и со играч помалку по црвениот картон на Васкез, но сепак од фудбалерите кои не играат се очекува да ги следат натпреварите до самиот крај.
Останатите клубови во слични ситуации им изрекувале казни за недисциплина на фудбалерите, се очекува истото да го стори и Реал Мадрид, но останува да се види како тоа ќе се одрази врз долгорочната иднина на Бејл на „Бернабеу“, со оглед на честите најави дека велшкиот ас би можел да се врати назад во Премиер-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА