Бејл повика на обединување: Подготвен сум на бојкот, ова лудило мора да престане!

Капитенот на Велс, Герет Бејл изјави дека ќе се приклучи на бојкотот за социјалните мрежи доколку не се стори нешто конкретно за да се спречи „отровната“ злоупотреба на разни платформи. После победата на Велс против Мексико во неделата, Бен Кабанго и Раби Матондо добија бројни навреди на Инстаграм на расна основа.

Бејл повика на одговорност, па укажа дека ваквата лудост мора да престане што е можно побрзо.

„Нешто мора да се случи. Мислам дека ако сите се обединиме во одлуката за бојкот на социјалните мрежи и на тој начин ја покажеме нашата позиција, нешто ќе се промени. Ако сите го правиме тоа истовремено, за да не бидат само неколку луѓе, и ако успееме да вклучиме многу влијателни луѓе од светот на спортот и другите сфери на животот во таа кампања, тогаш мислам дека тоа може да се промени. Јас сум подготвен да се придружам на ваква кампања“, рече Бејл, осврнувајќи се на Тиери Анри, кој ги избриша сите свои профили на социјалните мрежи како поддршка за сите оние кои доживуваат закани и навреди.

Самиот Бејл веќе неколку пати ја има доживеано темната страна на социјалните мрежи.

„На социјалните мрежи ми имаат кажувано многу грди работи, сигурен сум дека Матондо и Кабанго ќе дојдоа кај мене ако сакаа мој совет. Разговаравме кратко, не ги прашав за сите детали. Тие имаа разговор со луѓе од алијансата, полицијата беше вклучена и истрагата е во тек. Од моја гледна точка, се обидувам да ги користам мрежите што е можно помалку бидејќи на нив има многу отровни луѓе кои се обидуваат да ве понижат со грди зборови. Убавата страна на сè е што на тој начин можеме да ги споделуваме со други работите во кои уживаме, но секогаш е подобро да не ги гледаме коментарите затоа што има многу ужасни луѓе“, заклучи Бејл.

Се вчитува...