Бејл повторно главен проблем во Мадрид

Тотенхем нема намера да го задржи Герет Бејл и следната сезона, па се поизвесно е дека Велшанинот ова лето ќе се врати во редовите на Реал Мадрид. 31-годишникот има договор до 2022 година, па со неговата голема плата повторно ќе биде главен проблем на „кралскиот клуб“.

На Велшанинот нема да му биде проблем да се врати на клупата на Реал Мадрид и да продолжи да заработува без настапи, спрочем тоа го прави и во редовите на лондонскиот состав, каде не е ниту втора опција под Жозе Мурињо.

„Трансфермаркт“ го проценува Бејл на 20 милиони евра и покрај тоа што е во најдобрите години, па доколку Реал Мадрид сака да ја покрие огромната сума на пари платена за трансферот во 2013 година, ќе мора да се потруди да го продаде напаѓачот во летниот период.

 

Се вчитува...