Велшкиот интернационалец Герет Бејл изразил желба да се врати во Тотенхем. Тој беше клучен адут на „кралевите“ во триумфот (3-1) над Ливерпул во финалето на Лигата на шампионите во Киев, но и покрај тоа поголемиот дел од сезоната ја помина на клупата за резерви. Иако Зинедин Зидан си замина од клупата и се уште не е познат неговиот наследник, Бејл упатил порака до раководството на „кралскиот клуб“ дека сака да биде продаден. И тоа не било каде, туку назад во Тотенхем, од каде и пристигна на „Сантијаго Бернабеу“.
Неговата цена повторно се зголеми по одличната игра во финалето на ЛШ, а тој е цел и на Манчестер јунајтед и на Баерн Минхен. Сепак, Тотенхем е првиот избор на самиот фудбалер, а англискиот премиерлигаш би можел да го добие за околу 110 милиони евра. Но, тоа се премногу пари за „спарс“. Освен, можеби доколку Деле Али или Кристијан Ериксен не заминат во спротивна насока, кон Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА