Бејл стана заштитен знак на видео игра за голф

Поранешниот играч на Реал Мадрид и Велс Герет Бејл, после завршувањето на фудбалската кариера се пресели на голф терените. Стана заштитно лице на видеоиграта ПГА Тур 2К23.

Бејл дебитираше на ПГА Турнирот оваа година, откако претходно се одлучи да ја заврши фудбалската кариера. Исто така настапи и на еден друг турнир за голф.

Неговата страст кон голфот често беше мета на критики од јавноста, особено во Мадрид. Во 2019 година славеше со знаме на Велс на кое стоеше: „Велс, Голф, Мадрид… По тој редослед“.

Поранешниот капитен на репрезентацијата на Велс исто така беше заштитно лице на познатата фудбалска видеоигра ФИФА 14, заедно со Лионел Меси.

Се вчитува...