Бејл за Реал не е подготвен или повреден, но деталите од тренингот на Велс говорат нешто друго

Последен пат Герет Бејл играше пред повеќе од еден месец, а Реал Мадрид главно го држи на клупа или на трибини. Велшанецот одбива да си замине, сакајќи да го одработи целосно договорот. Играше во Париз на дуелот со ПСЖ, но на реваншот не беше во составот. Анчелоти не посегна по него на дербито со Барселона, и покрај тоа што имаше проблеми во нападот.

Велшанецот дефинитивно во последните години не добива шанса во Реал Мадрид, и е целосно заборавен. Анчелоти за него кажува дека не е подготвен или дека е повреден, но фотографиите од тренингот на Велс говорат нешто друго.

Бејл изгледа расположен, насмеан, разигран… Сосема спротивно од она што е во Реал Мадрид. Велшанецот и во минатото беше обвинуван дека за националниот тим „гине“, додека не е случај со Реал Мадрид.

Се вчитува...