Ракавицата што ја користела бејзбол иконата Бејб Рут, е продадена на аукција за рекордни 1,53 милиони долари, пренесуваат медиумите во Соединетите американски држави. Таа ракавица легендарната Рут му ја подари лично на Џими Остин, играч на Сент Луис Браунс.
Претходниот рекорд за бејзбол ракавица беше 387.000 долари и беше поставен во 1999 година. Ракавицата на Рут за била произведена од Спалдинг и се верува дека ја користел играчот на Њујорк Јенкис од 1927 до 1933 година.
„Ракавицата седеше во кутија во последните 30 години и тогаш дознавме за нејзината историја“, вели Сузан Колокоф, внуката на Џими Остин.
Бејб Рут е една од најголемите фигури во американскиот професионален спорт, а се натпреваруваше во МЛБ од 1914 до 1935 година. Многумина го сметаат за најдобриот бејзбол играч на сите времиња.
On Saturday, Babe Ruth’s glove was sold at an auction for $1.53 million 🤯
(via @HuntAuctions) pic.twitter.com/l580TMdysn
— FOX Sports: MLB (@MLBONFOX) November 13, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

