Бекали: Ако покажевме поголема почит, ќе ја елиминиравме Шкендија

Шкендија го слави историскиот успех, но истовремено огромен е шокот во тборот на ФЦСБ откако романскиот гигант ги загуби двете пресметки од македонскиот првак во квалификациите за Лигата на Шампионите.

Во фокусот на вниманието повторон е првиот човек на ФЦСБ, Џиџи Бекали, кој пред мечот најавуваше дека Романците лесно ќе стигнат до убедлива победа, но остана шокиран откако тетовци успеаја да триумфираат и среде Букурешт.

„Секако дека сум разоочаран, очекував ФЦСБ да оди понатаму. Мислев дека ќе биде лесно и ќе славиме со два гола разлика, но вакви работи се случуваат кога ќе помислите дека се е однапред завршено. Потребна беше скромност од наша страна, бевме фаворити и убеден сум дека ќе победевме ако покажевме поголема почит кон противникот. Тие делуваа толку смирено, не одговараа на она што ние го зборувавме и одиграа мирно и на двете средби. Според мене најслаб на тереонт беше нашиот Кирикеш… Кога ви велам дека фудбалот не е ист како пред 15 години, никој не ми верува“, истакна Џиџи Бекали за романскиот „Про Спорт“.

Се вчитува...