Бекам до Зизу: Ве молам, победете го Ливерпул!

Дејвид Бекам, поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, но и еден од легендарните играчи на Манчестер јунајтед, со цело срце ќе биде за „кралскиот клуб“ на вечерашното финале од Лигата на шампионите. Тој иако е Англичанец, секако, нема убави чувства кон Ливерпул, кој е еден од најголемите ривали на Јунајтед во Премиер – лигата. Тој испрати порака до Зинедин Зидан, со кој играше заедно во дресот на Реал.

„Сакам да му посакам многу среќа на Зидан, како и на сите во Реал Мадрид, од претседателот, па се до последниот човек. Нека биде фортуната со вас, и, ве молам, победете го Ливерпул“, порача Бекам.

 

Се вчитува...