Бекам го носи Хамес Родригез во Интер Мајами

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Дејвид Бекам, отпочна преговори со „кралскиот клуб“ за ангажман на колумбискиот интернационалец Хамес Родригез. Тој сака да го доведе одличниот играч за врска во новата франшиза во МЛС – лигата на САД, тимот на Интер Мајами. Бекам е еден од сопствениците на клубот и верува дека голема светска ѕвезда како Колумбиецот би донела многу поголема популарност на Интер Мајами.

Хамес Родригез одамна не е во плановите на тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, но клубот не успеа да го продаде. Неговиот договор има важност до 2021 година и сигурно дека заминување од „Сантијаго Бернабеу“ ова лето им оди во прилог на сите заинтересирани страни. Дејвид Бекам отпочна преговори со претседателот Флорентино Перез кого одлично го познава од периодот кога го носеше дресот на „кралевите“.

Се вчитува...