Бекам го пикирал Патрик Виеира за тренер на неговиот Интер Мајами

Поранешниот француски фудбалските репрезентативец и легенда на Арсенал, Патрик Виеира наводно е изборот број еден на Дејвид Бекам за тренерското место за неговиот клуб кој ќе се натпреварува во МЛС лигата, Интер Мајами.

43-годишниот Виеира во мометов е тренер на Ница и минатата година кога го презеде клубот го одведе до седмото место на конечната табела. Оваа сезона, Ница по поразот од Лион во последното коло падна на 15. позиција на табелата.

Виеира има претходно искуство во американската фудбалска конкуренција бидејќи три години беше тренер на Њујорк сити каде и што си ја изгради репутацијата. Тој беше поврзуван и со менаџерската позиција во поранешниот клуб, Арсенал.

Интер Мајами првата сезона во МЛС лигата ќе ја почне во март следната година, а во 2021 година ќе биде отворен и 750 милиони вредниот стадион на кој ќе настапува клубот.

Се вчитува...