Бекам заработи 45 милиони евра седејќи дома

Легендарниот англиски фудбалер Дејвид Бекам потпиша тригодишен договор со ЕА Спортс со што ќе се појави во новата видео игра ФИФА 21 и ќе заработи 45 милиони евра. Така, Бекам сега седејќи дома годишно ќе заработува повеќе пари од времето на своите најдобри играчки години, кога го носеше дресот на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)

„ФИФА 21… Не можам да дочекам повторно да се видам на теренот и да заиграм со поранешните соиграчи. Можеби сега Ромео и Круз ќе мислат дека сум „кул“ татко“ – напиша на Инстаграм, Дејвид Бекам.

Бекам, кој во својата кариера играше за Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Милан, ПСЖ и ЛА Галакси, во 1998 година прв пат се најде на насловната слика на популарната игра.

Се вчитува...