Бекам му исполни уште една желба на Лео Меси

Интер Мајами успеа да доведе уште еден врвен фудбалер од европската фудбалска сцена, комплетирајќи го транферот на Родриго де Пол од Атлетико Мадрид.

Аргентинецот важи за добар пријател на Лео Меси од националниот тим и токму најдобриот фудбалер на денешницата инсистираше тој да дојде во Мајами, како значаен адут во борбата за трофеи сезонава. Во ситуација кога се обидуваат да го убедат Меси да потпише нов договор, челниците на Интер Мајами предводени од Дејвид Бекам решија да ја исполнат оваа желба на Аргентинецот, постигнувајќи целосен договор и со фудбалерот и со неговиот клуб.

Атлетико Мадрид ќе заработи 15 милиони евра од овој трансфер, а Де Пол по лекарските прегледи ќе потпише тригодишен договор со Интер Мајами.

Меси дефинитивно ќе биде задоволен, останува да видиме дали доволно за да ги разреши сите дилеми за иднината и да потпише нов договор со американскиот клуб и да остане во Интер Мајами до крајот на кариерата.

Се вчитува...