Кевин де Брујне по 10 години поминати во Манчестер Сити на крајот на сезоната заминува од клубот и ќе биде слободен да ја бира новата средина. За неговиот потпис се заинтересирани бројни клубови како и Интер Мајами.
Клубот на Дејвид Бекам сака да го доведе искусниот Белгиец во своите редови и да направи пеколно дуо заедно со Лионел Меси и за тоа нема да штеди, првенствено за да остане конкурентен во понудата со оние од Саудиска Арабија.
Новиот клуб за Де Брујне ќе биде шестти во кариерата по Генк, Челси, Вердер Бремен, Волфсбург и Манчестер Сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА