Бекам создава неверојатно силен Интер Мајами

Сопственикот на новата франшиза во американската МЛС лига, Дејвид Бекам сака да направи неверојатно силен тим. Многу големи фудбалски имиња се поврзуваат со трансфер во тимот од Флорида, а најзвучно е дуото од Реал Мадрид, Герет Бејл и Хамес Родригез.

Зинедин Зидан веќе подолго време не смета на двајцата фудбалери, поради што се отвора врата за нивни трансфер во клубот на Бекам. Третиот фудбалер кој се поврзува со потпис со Мајами е Артуро Видал, кој е на излезна врата од Барселона.

Пред прекинот на сезоната Интер Мајами одигра два натпревари во МЛС лигата на кои забележа два порази и очајно ја стартуваше дебитанската сезона во американското првенство.

Се вчитува...