Бекам создава тим од соништата – Мајами ќе биде рамо до рамо со фудбалските гиганти во Европа?

Дејвид Бекам не се предава, тој сака да го засили својот Мајами Интер и да го направи да биде во конкуренција со големите фудбалски гиганти од Европа. Имено, славниот фудбалер, сега сопственик на франшизата, веќе преговара, по доаѓањето на Игуаин и Блез Матуиди, со уште неколку големи имиња.

Една од главните цели е Марсело од Реал Мадрид, тој речиси со сигурност ќе го напушти „Лос Бланкос“ по 14 години, а по него во плановите на Бекам е и Вилијам од Челси, кој исто така е на излезна врата од Премиер-лигата. Како најголема ѕвезда, се најавува напаѓачот на Атлетико Мадрид, Луис Суарез. Парите не се проблем за Бекам, доколку успее да направи тим од соништата, Мајами сигурно ќе биде голем фаворит за сите трофеи во Северна и Централна Америка.

Имено, Мекарти е еден од најдобрите американски голмани и тој ќе биде првиот избор за чувар на мрежата, десен бек во одбраната би бил Кевин Лердам од Тринидад, кој играше за Феенорд и за Витесе пред МЛС. Друга познат фудбалер е Рајан Шоксрос, момче од школата на Јунајтед. Освен Марсеј, одбраната ќе ја сочинува и Аргентинецот Фигал, кој беше донесен од Инденпендиенте. Во средниот ред, како конкуренти ќе бидат Вилијан, Матуиди, Бразилецот Грегор кој играше за Баија и шкотскиот репрезентативец Луис Морган кој играше за Селтик.

Нападот би го предводиле Игуаин и Луис Суарез. Уругваецот има понуда и се вели дека не сака да продолжи во Атлетико, и покрај фактот дека најверојатно ќе ја освои титулата со Симоне.

Се вчитува...