Легендарниот Дејвид Бекам веќе четири години е во пензија, но се јави со свој коментар за Франческо Тоти. Тој вели дека има само една неостварена желба во фудбалот, а тоа е да игра во ист тим со ’принцот на Рим’. А, можел да си ја оствари желбата…
„Имав шанса да прејдам во Рома како позајмен играч, додека бев во Америка. Една од најголемите причини зошто таа понуда ми беше примамлива, е да играм во ист тим со Франческо Тоти. Тоа сигурно ќе беше посебно задоволство. Секогаш беше посебно и кога бев на спротивната страна од теренот против Тоти“, изјави Дејвид Бекам.
Франческо Тоти денеска на „Олимпико“ ќе го одигра последниот меч во дресот на Рома, а противник ќе биде Џенова, чиј член е Горан Пандев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА