Бекер ги раскажа траумите од затворските денови: „Ќе ти го пресечам гркланот, ќе те убијам…!“

Легендарниот германски тенисер Борис Бекер беше во лондонски затвор од април до декември 2022 година. Заврши зад решетки поради даночна измама, а неодамна во интервју за „Дејли меил“ се осврна на трауматското искуство.

Тој раскажа како еден затвореник му пришол еден ден и му се заканил дека ќе го убие.

„Еден ден, се враќав од ручек со послужавник. Додека поминував покрај ќелијата на Ајк (еден затвореник), го видов Зак (друг затвореник) внатре. ‘Еј, што правиш во ќелијата на Ајк?’ – му реков. Дотрча до мене и почна да вика: ‘Кој си ти? Ќе ти ја скршам главата. Ќе ти го пресечам гркланот. Ќе те убијам’. Но, кога потоа дозна кој сум почна да ми ја бакнува раката и да се извинува. Се извини не само мене, туку и на Ајк, кој беше лидер на нашето крило“ – раскажува Борис Бекер.

Бекер освои шест гренд слем титули во својата кариера и се пензионираше во 1999 година.

Се вчитува...