Бекер го објасни искуството во затвор: Криминалци, дилери, силувачи…

Поранешниот германски тенисер Борис Бекер, излезе од затвор и во интервју го опиша искуството минато таму. Тој сега ќе почне нов живот по излегувањето од затвор и напуштањето на Англија.

Освојувачот на шест Грен слем титули, отслужи осум месеци затвор откако беше прогласен за виновен во случајот на личниот банкрот. Во Англија Бекер е осуден на две и пол години условна казна затвор поради криење на имот вреден 2,5 милиони фунти за да избегне плаќање на долгови.

„Оној што кажува дека животот во затвор не е тежок, лаже. Бев опкружен со криминалци, дилери на дрога, силувачи, трговци на луѓе, опасни лица. Секој ден се борите за опстанок. Веднаш мора да бидете опкружени со тешки момци. Ако мислите дека сте подобри од сите останати, тогаш губите. Нема врска што бев тенисер, единствена валута која ја имаме внатре е карактерот и личноста. Тоа е тоа, немаш ништо друго. На почеток немате пријатели, сами сте и тоа е најтешкиот дел“, рече Бекер.

Се вчитува...