Новак Ѓоковиќ не игра во препознатливата форма оваа сезона, а неговиот поранешен тренер Борис Бекер, се обиде да ги анализира причините за неговиот пад. Тој смета дека Србинот има психолошки проблем да се фокусира на тенисот, откако минатата година го освои Ролан Гарос.
„Не е можно ударите да ги загубите преку ноќ. Не може така лесно да ги изгубите сервисот или форхендот. Тоа е состојба на неговиот ум. Очигледно е дека многу работи се променија во неговата глава откако минатата година го освои Ролан Гарос. Тоа беше неговиот животен сон. После тоа, Ѓоковиќ пукна како балон и не се однесува исто. Се уште не пронајде начин како да се врати во вистински колосек. Но, не значи и дека нема да го стори тоа, потребна му е само максимална посветеност“, изјави Борис Бекер.
Ѓоковиќ изгуби во четвртфиналето на турнирот во Рим, откако беше елиминиран од белгискиот тенисер Давид Гофан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА