Бекер избран за најдобар бразилски фудбалер во Европа

Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер е избран за најдобар бразилски фудбалер во Европа за 2019 година. Одличниот голман ја доби наградата „Самба Д’ор“ која се доделува во земјата на фудбалот.

Второто место му припадна на неговиот соиграч од Ливерпул, Роберто Фирмино, додека третопласиран беше ѕвездата на Пари Сен Жермен, Нејмар.

Наградата прв пат беше доделена во 2008 кога за најдобар Бразилец во Европа беше избран, Рикардо Кака.

 

Се вчитува...