Бекер не издржа и му врати на Кирјос: „Ти ли зборуваш за тенис?“… Но, и Кирјос повторно не остана должен!

Австралискиот тенисер Ник Кирјос неодамна даде свој став на темата како би се снашле некогашните најголеми тениски ѕвезди ако се најдат сега на терените во овој модерен тенис.

Кирјос смета дека сега сите тие играчи од типот на Борис Бекер, Иван Лендл, Пит Сампрас… не би имале никаква шанса на терените против еден Новак Ѓоковиќ.

„Играта порано беше навистина спора. Го гледав Борис Бекер, и не велам дека не биле добри во свое време, но апсурдно е да се прави било каква компарација со денешниот тенис. Брзиот сервис тогаш бил меѓу 197 и 200 километри на час. А, оние како мене денес сервираат најмалку со 220 километри на час и гаѓаат во аглите. Тотално поразлично“ – вели Кирјос и дополнува:

„Тие тогаш играле сервис и волеј… Ало, па за да го играте тоа денес треба да сервирате најмалку 220 километри на час. Затоа што ако сте под 220, па Ѓоковиќ жив ќе ве изеде. Буквално жив ќе ве изеде. Па, Лејтон Хјуит го растури една година Пит Сампрас на УС Опен. Тоа беше прототип на некој кој умее да ритернира. Направи Сампрас да изгледа обично ср.ње. А, што би направил сега Ѓоковиќ на некој како Сампрас? Па, онака рутински би го исчистил од терен. Ако еден Хјуит можел така, Ѓоковиќ тотално би го уништил“.

На овие прозивки веднаш реагираше Борис Бекер, кој не можеше да издржи да премолчи.

„Ник сака сама многу да галами. Зошто зборува за спорт кој очигледно не го сака. Тоа е проверен факт. Ник никогаш не освои грандслем како играч или тренер, па не знам од каде него толкава право тој да коментира? Се обидува да ги спореди генерациите… Лејвер против Федерер, Борг против Надал, Сампрас против Ѓоковиќ!? Нема ни да ги спомнувам Мекинро, Лендл, Агасаи, Едберг, Виландер, Рафтер, Хјуит и многу други. Ајде Ник доста. Подобро разговарај си со своите на ‘OnlyFans’, но немој за тенис, не си ти за тоа“ – му порача Бекер.

Но, расправата не се заврши на тоа, па Кирјос повторно врати.

„Едно е сигурно. Јас нема после 20-30 години да седам тука и да тврдам дека можам со новите клинци. Но, овие денешните старци се со големо его. Јас ги победував и Федерер, и Надал, и Ѓоковиќ и Мареј па знам дека имам кредибилитет… Но, тоа не е наука за ракетите за да видите дека Новак би го избришал подот со сите вас и кога сте биле во најдобрата форма. Тоа не е напад, но факт. А, овој човек зборува за кредибилитет. Па, минатиот пат кога нешто проверува ти беше во затвор“ – напиша Кирјос.

Се вчитува...