Бекер: Руне може да биде новиот Новак Ѓоковиќ

Прославениот тенисер и поранешен тренер на Новак Ѓоковиќ кој беше дел од тимот на српскиот тениски ас од 2013 до 2016 година е нов тренер на Холгер Руне.

Овој 20-годишник е моментално шестти најдобар тенисер на светот, но се наоѓа во многу лоша форма во која забележа само една победа на последните 10 одиграни мечеви. Бекер го очекува тешка задача да направи пресврт во неговата кариера, за која самиот тренер вели дека може да биде како онаа на Новак Ѓоковиќ.

„Чест ми е што ќе бидам тренер на Руне. Отсекогаш сум бил заинтересиран за него бидејќи игра со многу посветеност и страст. Тој е небрусен дијамант. Ми се допаѓа емоцијата која ја покажува. По тоа ме потсетува на мојот поранешен клиент Новак Ѓоковиќ. И Новак имаше проблем со контролата на своите чувства во текот на мечевите. Кога ќе го надмине тоа верувам дека Руне може да настапува на нивото на кое настапува и Новак“, изјави Бекер.

Се вчитува...