Бекер: Со сета почит кон Пике, треба помалку да зборува за тенисот

Се чини дека Борис Бекер се плаши дека Жерар Пике повторно да не се меша во тенисот и да направи бура како пред неколку години кога го смени форматот на Дејвис купот и предизвика таков земјотрес во ова натпреварување што теренот се уште не е смирен.

Повод е неодамнешната изјава на поранешниот стопер на Барселона, кој вели дека треба да се укине првиот сервис во тенисот.

„Со сета почит кон него, тој беше многу добар фудбалер. Но, тој не треба да разговара за иднината на тенисот“, напиша Германецот на Твитер.

Оваа промена на правилата, заедно со некои други, долго време се разгледува и се експериментира на различни нивоа на тениски натпревари – освен на врвните. Сепак, она што сè уште ги мачи мажите од белиот спорт е хаосот што Пике го донесе во Дејвис купот со новиот формат.

Се вчитува...