Легендарниот германски тенисер, Борис Бекер не го оцени добро неделното финале на УС Опен. По неколку спектакуларни пресметки меѓу Карлос Алкараз и Јаник Синер, Шпанецот рутински славеше во Њујорк.
„Синер ме разочара. За мене по вториот сет веќе не беше неизвесно кој ќе победи. Такво нешто не се случи на нивните претходни натпревари. Карлос беше подобар од првата до последната минута. Сервисот на Синер беше катастрофален, без добар сервис нема на што да се надева“, изјави Бекер.
Во моментов Алкараз води со 10-5 во меѓусебните дуели со Јаник Синер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

