Легендарниот германски тенисер Борис Бекер се наоѓа во големи финансиски проблеми, прогласи банкрот поради големи долгови кон банките, а сега ги продава своите највредни трофеи од играчката кариера за малку да ја санира лошата ситуација. Но, и тука има проблем. Тој не знае каде се наоѓаат поголем дел од пехарите што ги има освоено во кариерата и моли да бидат пронајдени.
Му недостигаат златниот олимписки медал во дубл од 1992 година, три трофеи од Вимблдон (1985, 1986, 1989), два пехари од Австралија Опен (1991, 1996) и трофеј од Дејвис куп (1989).
Бекер испрати јавно соопштение заедно со своите стечајни управници.
„Господин Бекер не може да сети каде се наоѓаат трофеите. Тој моли за помош во пронаоѓање на пет од своите шест гранслем трофеи“, се вели во соопштението на Борис Бекер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА