Борис Бекер во април 2022 година беше осуден на две и пол години затвори поради избегнување на плаќање на данок и лажирањето на документи по прогласениот банкрот, по што Германецот мина осум месеци зад решетки пред да биде пуштен на слобода поради „добро однесување“.
Легендарниот тенисер во гостувањето за еден подкаст говореше токму за тој најтежок период во животот…
„Онној што вели дека е лесно да си во затвор, лаже 100%. Таму гкедаш во под, не ги погледнуваш луѓето во очи бидејќи си преплашен. Во првите денови сите те гледаат, ти прават притисок, дел од нив ти се прават пријатели. А тогаш вистински осознаваш дека дел од нив се убијци, некои се дилери на дрога, педофили… и чувството секој ден да се окружен со такви луѓе е ужасно“, изјави Борис Бекер.
Германецот (57 годиин) потенцираше дека особено тешко му било одењето под туш со другите затвореници.
„Морате да сте навистина претпазливи кога одите под туш бидејќи тие се затвораат од внатрешната страна, а сите сме гледале филмови… Искрено ми беше страв дека ќе се туширам со луѓе кои ќе ме злоупотребат… За среќа, најдов група на луѓе со кои се чувствував сигурно. Едно можам да ви откријам, она што го гледаме на филмовите, за туширањето во затворите, тоа е вистина“, емотивно коментираше Борис Бекер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

