Беќири: Доминиравме, жално е што не извлековме позитивен резултат

Шкендија загуби со минимални 1-0 на гостувањето од Дрита во Приштина, која е предводена од Зекирија Рамадан а во чии редови играат и македонските интернационалци Егзон Бејтулаи и Блертон Шеји, во четвртото коло од Конференциската лига на УЕФА.

Шкендија имаше поголем посед на топка на дуелот, имаше и неколку убави можности за гол, заслужувајќи реми. Но, по голот на домашните уште во 20. минута, до крајот на успеа да дојде до израмнување на стадионот „Фадиљ Вокри“ во Приштина.

„И честитам на Дрита за победата. Ние може да жалиме што не извлековме поволен резултат, затоа што доминантни бевме речиси сите 90 минути. Но, кога ќе примите така наивен гол како нашиот во едно европско натпреварување, тешко е да очекувате позитивен исход. Имавме време да се вратиме, создадовме шанси и ја контролиравме играта, но ни недостасуваше и малку среќа во клучните моменти за да дојдеме до позитивен резултат“ – изјави по мечот, тренерот Јетон Беќири.

Се вчитува...