Шкендија со победата од 1-0 против Арсими ја продолжи битката за шампионската титула со Вардар сезонава, повторно доаѓајќи на минус три бода од лидерот.
Тренерот Јетон Беќири по вчерашниот триумф истакна дека е задоволен од прикажаното и освоениети три бода.
„Задоволен сум од трите бода кои се најважни, но не бев задоволен од играта и интензитетот на тимот во одредени моменти. Се чини дека постои еден вид летаргија кај играчите, можеби тоа е затоа што претходниот натпревар го игравме речиси целосно со 10 играчи. Не сум задоволен од интензитетот и перформансите на тимот, но важно е што противникот не се закани во ниту еден момент. Треба да ја архивираме оваа победа и целиот наш фокус да го насочиме сега на натпреварот во среда во Купот на Македонија“ – вели Беќири.
Тој ги повика навивачите на Шкендија секогаш да даваат максимална поддршка на играчите.
„Мислам дека нашата сила била, е и верувам дека ќе продолжи да биде – јавноста. Зборувам и за јавноста воопшто, не само за „Балистите“ кои беа прекрасни денес. Но, исто така, ја молам и останатата јавност што доаѓа да ја бодри Шкендија да ги поддржи играчите, особено кога настапот не е каков што треба да биде. Би претпочитал целиот притисок, сите навреди и критики да бидат упатени кон мене, бидејќи играчите се тие што играат на теренот, а јас сум надвор од теренот“ – вели Беќири и дополнува:
„Во одредени моменти, играчите може да направат грешки со своите реакции, исто како што ние правиме грешки, како што навивачите прават грешки и како што сите прават грешки освен големиот Бог. Мислам дека во одредени моменти треба да заборавиме некои епизоди, да простиме и да се обединиме само во интерес на Шкендија. Навредувањето на играч не носи ништо за Шкендија, ништо добро освен негативност. Искрено ја молам јавноста за поддршка, бидејќи навистина го гледам тоа како наша сила и тие мора да ја пронајдат силата и да ги поддржат сите играчи без исклучок. Во посебни моменти, тие играчи нè направија горди, и во европските натпревари, и во последното првенство и во натпреварите од оваа сезона. Секој прави грешки, вклучувајќи ме и мене и другите. Нормално, мора да се извиниме, да си простиме и да продолжиме заедно како тим, заедно со навивачите, за да ги постигнеме нашите цели“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

