Фудбалерите на Шкедија вечерва во одработија тренингот на теренот на Рајо Валјекано, каде тетовци утре ќе испишат историја играјќи го првиот меч од групната фаза од Конференциската лига на УЕФА.
Јасно е дека шпанскиот тим ќе ја има фаворитската улога на овој меч, но во таборот на тетовци се решени да го дадат максимумот и доколку се укаже шанса – да стигнат до позитивен резултат.
„Сме ги гледале како играат со Реал Мадрид и со Барселона, заеме дека се квалитетен тим што се бори 90 минути. Сепак, тоа ќе биде меч за историја за нас, задоволни сме што стигнавме до овде, но не планнираме да застаеме. Ќе излеземе на терен и ќе го дадеме најдоброто од себе. Подобриот не победува секогаш во фудбалот“, изјави капитенот Бесарт Ибраими.
Тренерот Јетон Беќири очекува борбено издание од својот тим на првиот меч на Шкендија во групната фаза од едно европско натпреварување.
„Знаеме колку е силна шпанската Ла Лига, но ова е голем меч за нашиот клуб. Прекрасно е што ќе играме со ривал од така силна лига, знаеме дека навивачите на Рајо креираат одлична атмосфера на трибините, дека овој тим игра исклучително борбено. Сепак, ова е меч за историја на Шкендија и ние ќе сториме се за да се претставиме во добро светло“, порача Беќири на денешната прес-конференција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

