Екипата на Шкендија славеше на гостувањето на Чаир кај Шкупи со 0-2, и така се наметна како најсериозен кандидат за титулата во последните две кола од ПМФЛ. Со тоа за чаирскиот тим се чини остана само теоријата за првото место на крајот.
Триумфот на Чаир Јетон Беќири по мечот вели дека оваа победа значи многу за неговиот тим.
„Нормално е дека сум задоволен. Тоа беше натпревар на две квалитетни екипи, најдобри во првенството заедно со Струга, а овие натпревари секогаш се под висок притисок и тензија. Задоволен сум од начинот на кој тимот се снајде на натпреварот, и покрај тоа што имаме моменти каде што сè уште не сме Шкендија која јас ја посакувам, но сепак, мислам дека од ден на ден влегуваме во таа играчка филозофија што сакам да ја имаме овде во тимот. Остваривме тешка победа против ривал кој го нарекуваме „тешка категорија“. Нормално, тоа многу влијае на самодовербата на тимот. Мислам дека ништо не е готово, ни претстојат уште два многу важни натпревари и мораме да бидеме приземни да ги следиме натпреварите еден по друг. Само кога ќе бидеме и математички сигурни, тогаш ќе можеме да зборуваме за постигнување на целта. Имаме уште работа, нѐ очекуваат два многу важни натпревари и на крајот мораме да бидеме внимателни бидејќи имаме израмнети бодови со екипата која е шампион на Македонија“, истакна Беќири.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА