Со триумф од 2-0 над Слован Братислава вечерва, Шкендија „гледа почисто“ кон плеј-офот во Лигата на Конференции. Тетовскиот тим сосема заслужено го совлада првакот на Словачка на свој терен, и ја оствари втората победа во групната фаза.
Тренерот Јетон Беќири по мечот истакна задоволство до играта, но не и од резултатот, затоа што како што кажа, ќе бил многу позадоволен ако неговиот тим славел со повеќе голови, а Шкендија имаше шанси за такво нешто.
„Беше добар настап како тим и играчите ги завршија своите задачи до крај, но ќе бев позадоволен ако постигневме уште неколку голови. Секако, сè уште не сме обезбедиле квалификација, бидејќи имаме уште еден натпревар за играње. Се надевам дека на натпреварот во Ларнака, играчите ќе го дадат својот максимум“, изјави Беќири.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

