Беќири: Како да зборуваме за квалитет на фудбал кога терените се очајни

Шкендија со победа од 0-1 на гостувањето против Македонија ЃП согласно очекувањата го стартуваше пролетниот дел во Првата македонска фудбалска лига.

Тренерот Јетон Беќири со победа дебитираше откако на стартот од оваа година го презеде тимот на Шкендија.

„Навистина ми е тешко да зборувам за квалитетен фудбал кога играме на ваков терен кој не ги задоволува стандардите за елитен фудбал. Беше исклучително тешко да се игра во овие услови, иако не сакам да звучи како алиби но токму поради тоа оваа победа и тоа како е важна“ – вели Беќири по својот прв официјален натпревар на клупата на Шкендија.

„Првите натпревари се секогаш тешки и проблематични, бидејќи ниту една од екипите не е во максимална форма. Би ја издвоил само победата, сакам да им честитам на фудбалерите за посветеноста и борбениот натпревар, но за квалитетот на фудбалот денес не можам да зборувам“ – дополни Беќири.

Во следното коло Шкендија ја очекува полошката пресметка со екипата на Гостивар.

Се вчитува...