Беќири: Мора да влеземе во натпреварот како да е 0-0

Македонскиот фудбалски шампион Шкендија утре ќе му гостува на романскиот ФЦСБ во реванш натпреварот од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Нашиот тим има предност од 1-0 од првиот меч, а тренерот на тетовци Јетон Беќири пред утрешниот реванш вели дека неговите фудбалери мора да почнат како да е 0-0.

„Се надевам дека ќе дадеме сè од себе на овој натпревар. Го почитуваме ФЦСБ. Мислам дека ќе биде тежок натпревар, во кој ќе се обидеме да дадеме сè од себе. Мислам дека мора да го започнеме натпреварот мислејќи дека вкупниот резултат е 0-0. Победата од 1-0 не значи ништо. Играме против силен тим и знаеме дека ќе биде тешко да ги елиминираме. Мора да веруваме. Мора да постигнуваме голови од можностите што ги создаваме и да имаме солидна дефанзивна игра“, изјави Беќири. 

Се вчитува...