Беќири: На ова ниво не смееме да дозволиме да примaме вакви голови

Тренерот на Шкендија, Јетон Беќири не го криеше разочарувањето по убедливиот пораз од 5-1 и елиминацијата од Карабах во 3. квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Беќири рече дека клучни биле головите во првиот дел, кои според него се недозволиви, и дека секоја грешка на вакви натпревари се казнува.

„Нормално дека очекувавме повеќе од ваков пораз. Ние играме во врвно ниво сега, го почнавме многу добро мечот, имавме 0-1, и во ова ниво не е дозволено да се примаат вакви голови. После тоа беше се потешко и покомплицирано, паднавме многу и на психолошки аспект. Нема разочарување, треба да бидеме реални, ако некогаш не е како што треба, да преземеме одговорност најпрво јас како шеф на стручен штаб. Овој меч нека послужи како поука за понатаму, треба повеќе да се жртвуваме, да се бориме, на ова ниво не смееме вакви лесни голови да се дозволиме и да се обидеме следниот меч кои ни доаѓаат во Лигата на Европа да бидеме подобри, и да се мобилизираме во домашниот шампионат“, рече Беќири.

Се вчитува...