Јетон Беќири, предводникот на Шкендија на прес-конференцијата по мечот со своите први импресии за победата над Лудогорец од 2-1, со што тетовскиот тим се доближи блиску до групите во Лигата на Европа.
Тренерот на македонскиот првак видно задоволен од резултатот на овој прв меч, со кој сега Шкендија ќе патува во Разград по пласман во групите на второто по ред клупско натпреварување во Европа.
„Видовме еден убав натпревар, една добра Шкендија каде што ние победивме низ игра, не беше оваа победа случајна. Имавме пропусти во одбраната што е многу нормално на вакви натпревари, затоа што имаме многу квалитетен противник. По мое мислење уште Лудогорец е фаворит од овој двомеч, но треба да дадеме максимум и да се обидеме да бидеме добри и на реваншот, и да бидеме дисциплинирани, зошто да не се пласираме во групите во Лигата на Европа“, рече Беќири.
Беќири истакна дека со уште 2-3 нови имиња во Шкендија, ќе биде уште поконкурентна за настапите на сите полиња.
„Ништо посебно не правам со оваа екипа. Се обидуваме да го извадиме максимумот. Пофалбите одат на страната на играчите. Моја предност е што долго сум со играчите, и се разбираме меѓусебно, се обидуваме да останеме во нашата игра, со наш идентитет. Треба да очекуваме лоши денови како што имавме во Баку. Но, најважно од се е што треба да растеме како екипа, ние како стручен штаб, тие како играчи. Имаме добра група на фудбалери, и нормално ќе се подобрува со доаѓањето на 2-3 играчи и ќе направиме екипа која ќе биде конкурентна на сите полиња. Било каде да играме во групите на Лигата на Европа или во Конференциската лига, сите екипи се на добро ниво, и мораме да учиме многу од тие натпревари“, рече предводникот на Шкендија.
Беќири истакна дека Шкендија не размислува да одложува натпревари во ПМФЛ поради настапите во Европа.
„Не сакаме да одложуваме натпревари затоа што со тоа ќе покажеме непочитување. Второ имаме голем ростер на играчи. Ние треба да играме, и да го дадеме максимумот на секој натпревар. Ова е најлогично нешто. Ако одложиме мечеви, тие мечеви некогаш мора да ги играме, па ќе дојдеме во ситуација да имаме потоа збиен натпревар. Имаме сила да се бориме до крај, и ќе се бориме до последниот атом без да бараме алиби и без да бараме нешто кое не е логично во овој момент. Треба да ги почитуваме сите натпреварувања“, изјави Беќири.
Коментирајќи ја ситуацијата со Тамба, Беќири рече дека немад а замине.
„Не знам од каде е таа информација, но е погрешна“, заврши тренерот на тетовскиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

