Шкендија ремизираше без голови на гостувањето против Силекс во Кратово во вчерашното 9. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Тренерот Јетон Беќири по мечот истакна незадоволство од конечниот резултат, притоа не сакајќи да ги коментира двата црвени картони, добиени во второто полувреме.
„Фудбалерите го дадоа максимумот, нормално имаше моменти кога грешевме, па затоа генерално не можам да кажам дека сум задоволен од резултатот. Иако игравме со помалку играчи во поле имавме свои шанси. Сепак, во одредени моменти малку брзавме во носењето одлуки и не успеавме да постигнеме гол. Што се однесува до исклучувањата, после натпревар не е баш пријатно да се анализираат некои ситуации кои мислам дека се сомнителни. Мораме да го анализираме натпреварот, а клубот ќе ги анализира другите работи кои навистина немаат врска со мене“ – изјави Беќири.
Шкендија со ова реми сега, пред репрезентативната пауза, е на втората позиција на табелата зад Работнички кој го презеде лидерското место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА